Топчиња од спанаќ

Од:

Овие топчиња од спанаќ може да ги јадете сами, во некој сос или пак како прилог со месо …

Потребно е:
250 гр стар леб
500 гр спанаќ
150 мл млеко
70 гр пармезан
20 гр путер
1 главица кромид
3 јајца
3 лажици лебни трошки
сол, бибер

Подготовка:
– Во една чинија изматете ги јајцата со млекото.

– Парчињата леб исецкајте ги на коцки и прелијте ги со смесата од млеко и јајца и оставете да упие.

– Спанаќот бланширајте го, оставете го да се излади и ситно исецкајте го.

– Лебот исцедете го со раце од вишокот млеко и додадете го кај спанаќот.

– Додадете ги и изренданиот пармезан, растопениот путер и лебните трошки.

– Со раце земајте од смесата и обликувајте топчиња. Топчињата ставете ги да се варат во солена вода што врие 10-тина минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска