Потребно е:
1 л вода
1 рамно лажиче сол
200 гр палента
100 гр шунка или печеница
магдонос
брашно
јајца
лебни трошки
Подготовка:
– Водата посолете ја и ставете ја на рингла да проврие. Додадете ја постепено палентата или пченкарното брашно за качамак и варете со мешање додека се згусне. Тргнете го на страна и оставете малку да се излади.
– Исецкајте малку магдонос, шунката или печеницата и додадете ги во палентата.
– Со раце земајте од смесата и направете мали топчиња. Топчињата увалкајте ги во брашно, а потоа во изматени јајца, па во лебни трошки. Пржете ги на рингла во повеќе масло.
– Испржените топчиња извадете ги на кујнска хартија и оставете да се впие вишокот маснотија.