Иако важи за нетипична дестинација за летен одмор, источниот Балкан и 354 километри долгиот бугарски брег изобилува со привлечни песочни плажи и градови кои се, просто, неодоливи за многумина љубители на Средоземјето.
Луѓето, како од Западен Балкан, така и пошироко, го земаат предвид и Црното Море, па следат неколку корисни податоци за тамошниот брег. Романија и Бугарија ја формираат источната страна на Балканот, која честопати, во туристичка смисла, е во сенка на турските градови, на пр., на Црното Море. Сепак, и Бугарија има што да понуди.
Варна
Ова е пристаништен град. „Трипедвајзор“ го препорачува како дестинација со широки авении, како „наследство од бугарското комунистичко минато“, но и згради со архитектонски стилови увезени од Западна Европа. Како едно од водечките бугарски одморалишта, Варна е нарекувана и „престолнина на Црното Море“, поради културното и економското значење – има најсовремено пристаниште, железничка станица и меѓународен аеродром што ја поврзуваат земјата со над 35 држави и 100 градови низ целиот свет.
Градот има и плажа со црн песок долга повеќе од 3 километри, исполнета со барови и тераси. Сепак, најпознатата плажа е Златни песоци („Златни пјасци“), долга 4 километри, која ја претпочитаат и туристите и околното население, иако е оддалечена на 15 километри од центарот на Варна.
Бела
Се работи за мало гратче, некаде на половина пат меѓу Варна и Бургас. Живописен и тивок приморски град кој нема премногу настани, но токму мирот и тишината го претставуваат неговиот шарм. Водите во Бела се меѓу оние со најсветли тиркизно-сини бои, мек песок и нежни бранови. Се препорачува за семеен одмор, особено со помали деца. Во близина е и Карадере – една од последните диви плажи во Бугарија со ситен песок и барички во близина.
Созопол
Еден од најстарите градови на црноморскиот брег. Хелените го основале во 7. век пр.н.е. Благодарение на импресивната архитектура и археологија, разновидната културна програма, одличните хотелски понуди и модерната туристичка инфраструктура, градот прима стотици илјади туристи секоја година.
Препознатлив е и по Фестивалот за уметност и филм „Аполонија“ – настан што се одржува секоја година на почетокот на септември.
Плажата Харманит во Созопол е една од најубавите и најпосетуваните. Потсетува на грчките плажи, а ја сакаат семејства со деца, бидејќи водата е мирна и не е многу длабока.
Овој мал крајбрежен град многу луѓе го доживуваат како идилично место за уживање. Околното население „стравува“ дека наскоро ова место може да се претвори во центар за масовна летна забава.
Кралицата Марија, сопруга на романскиот крал Фердинанд Први, го посетила Балчик во 1921 година и одлучила тука да ѝ се изгради летна резиденција – со наредба да се купат и лозјата, градините и мелниците на тамошните жители и да може да се изгради палатата. Во изградбата биле користени балкански и отомански мотиви, а била дизајнирана од италијански архитекти. Екстравагантното минаре од главната зграда коегзистира со христијанската капела, и совршено го илустрираат интересот на кралицата за теологијата и уникатниот верски соживот тогаш тука.