Туризмот низ Европа доминира ова лето. Морски плажи и авантуризам се приоритетите на моменталните туристи. Ако немате идеја за вашата летна дестинација, ова се топ 10 дестинациите за лето 2013.
1. Шпанија
Омилена дестинација на британските туристи, Шпанија ги нуди плажи и луда забава на своите острови Мајорка, Ибица, Канарските острови и Тенерифе.
Северниот дел на Шпанија нуди комбинација од плажи и планини, како и средновековни замоци и активни градови.
2. Франција
Покрај градот на светлината, Гранција ги нуди и своите плажи на Корзика и Иљ-де-Ре.
Идеи за туристички тури се тури за вино, викенд за шампањ, бициклизам или Дизниленд во Париз за оние со фамилии.
3. Грција
Грчкиот остров Крф никогаш не ја губи својата привлечност. Примамливи се и островите близу до Турција, како Лакитира плажите. Најинтересен, со своите стилски куќи и вили, сепак останува островот Крит на Медитеранското море.
4. САД
За авантуристите и оние кои бараат се во едно, САД е совршена дестинација. Покрај лудите забави во Њујорк и Лас Вегас, стојат на располагање и Нијагара водопадите и бројните национални паркови како Големиот Кањон и Јелоу Стоун.
За оние кои сакаат луда забава и плажа Калифорнија и Флорида се вистинскиот избор. Нешто различно нуди и Њу Орлеанс со бројните џез фестивали.
Секако да не се заборави и Хаваи.
5. Велика Британија
Иако Лондон е еден од најпопуларните градови во Европа, туристите летово се одлучуваат и за Ирска и Шкотска. Бициклизам или патување со брод може да ги покаже убавините на Велика Британија.