Топ 5 бои кои ќе ја одбележат есента

Од:

Со оглед на тоа дека есента 2015 година пристигна, дојде и време својата гардероба да ја збогатиме со нови бои. Модните дизајнери предложија пет бои со кои ќе го поправите вашето лошо расположение или ќе ги обоите мрачните есенски денови.

Според вкусот на модните експери овие пет бои ќе ја одбележат есента:

Маслинесто зелена: Покрај исушените лисја и бакарната природа маслинесто зелената е боја која најдобро ќе го донесе духот на есента во вашиот гардеробер. Иако оваа боја е многу популарна и лесна за комбинации, таа не стои на секого. На девојките со зелени очи и црвени тонови на косата ќе им стои совршено па не пропуштајте да купите што повеќе парчиња во оваа боја.

Корално црвена: Дали ќе облечете панталони или маичка во оваа боја нема шанси да не бидете забележани каде и да се наоѓате. Одлична е за мрачни и дождливи есенски денови затоа што ќе внесе мирис на лето.

Боја на вино: Темна, лежерна и елегантна ќе внесе посебен шмек во вашиот стајлинг бидејќи е вистинска есенска боја и веќе втора година по ред е апсолутен ХИТ.

Сина и тегет: Ова се две бои кои никогаш нема да излезат од мода бидејќи се едноставно незаменливи. Лесни се за комбинирање, а единствено на што треба да обрнете внимание е со нив да носите и некои посветли детали.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски