Том Круз за една година заработил 75 милиони долари

Од:

Иако минува низ еден од најтешките периоди во својот живот, пред се, заради разводот од сопругата Кејти Холмс, актерот Том Круз вчера за својот 50-годишен роденден прими убава вест. Имено, тој се наоѓа на првото место на ранкингот на Форбс како најплатен актер во светот.

Според проценките на магазинот, холивудската ѕвезда за една година (мај 2011 – мај 2012) заработила 75 милиони долари.

Четвртото продолжение на „Невозможна мисија“, што  се прикажува од ноември минатата година, досега заработи неверојатни 694 милиони долари, а на Круз му припадна добар дел од профитот, пишува „Форбс“.

Актерот оваа година веќе е исплатен за филмот „Обливион“, што почна да се снима на Исланд.

Колку заработувачката на Круз порасна за само една година зборува и податокот дека минатата година не се ни најде на листата на најплатени акери.

Леонардо ди Каприо, кој минатата година беше на прво место, годинава падна на втора позиција,  што ја дели со Адам Сендлер. Двајцата заработиле по 37 милиони долари.

Двајн Џонсон, поранешен професионален борач е на четврто место со 36 милиони, а Бен Стилер е петти, тој минатата година инкрасираше 33 милиони.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата