Бебе, родено со само 268 грама, по неколку месеци, ја напушти болницата во Токио со тежина од 3,2 килограми.
Тој е најмалото родено машко бебе во светот кое останало во живот.
– Благодарна сум што порасна толку голем, бидејќи искрено, не бев сигурна дека ќе преживее, вели мајката на момчето.
Според документацијата на Универзитетот во Ајова, до овој случај, најмало машко бебе кое преживеало беше родено во Германија во 2009 година со само 274 грама.
Тежината на најмалото родено женско бебе изнесува 252 грама и родена е во 2015 година во Германија.