Тиропита (Грчка пита со сирење)

Од:

Пита со готови кори и сирење …

Потребно е:
6 готови кори за пита
150 мл минералана вода
маслиново масло

за фил 1:
200 гр фета сирење
150 гр крем сирење
1 лажиче свежо мелен бибер

за фил 2:
300 мл јогурт
јајца
1/2 лажиче сол

Подготовка:
– Во еден сад издробете го фета сирењето и додадете го крем сирењето и биберот. Убаво измешајте додека не добиете хомогена смеса.

– Во друг сад измешајте ги јогуртот, јајцата и солта и убаво измешајте.

– Тавата за печење премачкајте ја со масло и ставете една кора така да краевите на кората излегуваат надвор од тавата. Кората премачкајте ја со масло и одозгора ставете ја другата кора.

– НА втората кора распоредете 1/2 од филот со јогурт. Над тоа ставете ја третата кора. Премачкајте ја со масло. Над неа распоредете 1/2 од филот со фета сирење.

– Ставете ја четвртата кора и премачкајте ја со остатокот од филот со јогурт.

– Сега ставете ја петата кора и нанесете го филот од сирење на неа.

– На крај ставете ја шестата кора. Премачкајте ја со масло. Превиткајте ги краевите на питата кои излегуваа надвор од тавата и повторно премачкајте ги со масло.

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути односно додека не добие убава златно-црвена боја. Кога ќе биде печена питата ќе порасне доста.

– Кога ќе биде печена извадете ја од рерна и оставете 5 минути малку да се излади.

– Потоа прелијте ја со минералната вода. Питата постепено ќе спласне. Оставете да ја впие водата и да се излади и потоа исечете ја на парчиња.

– Повкусна е кога ќе отстои неколку саати пред да ја послужите.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска