Тирамису со тиква

Од:

Тирамису колач во малку поинаква верзија …

Потребно е:
24 пишкоти
250 мл јако еспресо кафе
1 лажица шеќер (или повеќе, по вкус)
3-4 лажици виски (или рум, по избор)

за филот од тиква:
250 гр маскарпоне сирење
200 мл слатка павлака
400 гр сварена (на пареа) и испасирана
4-5 лажици шеќер во прав
1/2 лажиче цимет во прав
1/4 лажиче ѓумбир во прав
1/4 лажиче мелено морско оревче

за горниот слој:
250 гр маскарпоне сирење
200 мл слатка павлака
3-4 лажици шеќер во прав
3-4 лажици виски (или рум, по избор)

Подготовка:
– Подгответе го филот од тиква. Сварете ја и испасирајте ја заедно со шеќерот, зачините и павлаката. На крај додадете го маскарпоне сирењето и изматете со миксер со најмала брзина.

– Подгответе го еспресо кафето и во врелото кафе ставете ги шеќерот и вискито (или румот). Измешајте за да се стопи шеќерот. Сипете го во длабока чинија.

– Земете еден правоаголен или квадратен подлабок сад, може стаклен сад каде ќе го редите тирамисуто.

– Пишкотите натопете ги во кафето од сите страни и наредете ги на дното на стаклениот сад. Оставете малку растојание помеѓу пишкотите.

– Распоредете половина од кремот од тиква врз пишкотите.

– Одозгора наредете повторно еден ред пишкоти на истион начин како првиот и потоа распоредете го преостанатиот крем.

– Садот покријте го пластична фолија и ставете го во фрижидер.

– За горниот слој, изматете ја павлаката заедно со шеќерот и алкохолот во густ крем. Полека додавајте го маскарпоне сирењето и со шпатула мешајте да добиете не многу густа смеса.

– Горната смеса рамномерно нанесете ја над филот од тиква и повторно покријте го садот со пластична фолијаи ставете го во фрижидер најубаво да стои преку ноќ.

Тирамису со тиква1

– Пред да го послужите тирамисуто одозгора посипете го со какао во прав.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска