Тирамису мафини

Од:

Едноставен рецепт за омилените мафини …

Потребно е:
за тестото, за 34 мафини:
4 јајца
1 чаша (од 300 мл) млеко
1 чаша масло
2,5 чаши меко брашно
1 прашок за пециво

за преливот:
100 мл врела вода
3 лажици инстант кафе
1 лажица рум

за кремот:
200 мл слатка павлака за шлаг
100 гр шеќер во прав
500 гр крем сирење
2 лажичиња екстракт од ванила

Подготовка:
– Во калапот за мафини ставете хартиени корпички.

– Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот. Полека додадете го млекото и маслото со постојано матење.

– Со оваа смеса наполнете ги корпичките но не до врвот затоа кога ќе ги печете мафините ќе нараснат.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 15-18 минути.

– Во еден сад измешајте ја врелата вода со кафето и румот, а потоа врвот на печените мафини потопете ги во течноста.

– За кремот, во еден сад изматете ја слатката павлака и потоа додадете ги крем сирењето, шеќерот во прав и екстрактот од ванила.

– Кратко изматете. Со оваа смеса украсете ги мафините.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска