Тинејџерка тргнува на патување – 51.000 километри околу светот

Од:

Тинејџерката од белгиско-британско поотекло, Зара Радерфорд тргнува на патување од 51.000 километри околу светот со својот ултра-лесен авион „Шарк“ – најбрзиот микро-авион во светот. Авантурата почнува на 11 август.

Ако потфатот успее, девојката ќе биде најмладата личност која со мало воздушно летало го обиколила светот и најмладата жена која го сторила тоа. Сегашниот светски рекорд го држи Шајста Вајз која го заврши своето патување на 30-годишна возраст.

Радерфорд се надева дека на овој начин ќе им го отвори патот на девојчињата и жените во областа т.н. СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика) и ќе ги инспирира другите да ги следат нејзините стапки.

– Сакав да летам низ светот, нека ме видат девојките и да си помислат – „би сакала и јас да летам еден ден“… Во авијацијата, постои разлика меѓу мажите и жените. Значи, мојата цел е да се доближам до рекордите, а потоа се надевам дека другите девојки ќе се обидат да го надминат мојот рекорд и ќе почнат да се натпреваруваат со момчињата!, додава таа.

Родителите на Зара, Беатрис де Смет и Сем Радерфорд, и двајцата се пилоти. Но, мајка ѝ имала „измешани чувства“ кога ќерка ѝ ѝ ги соопштила своите намери.

– Ми требаше време „да го сварам“ тоа… Но, сега сум многу горда и целосно, потполно ја поддржувам, вели Де Смет.

Тинејџерката ќе го финансира патувањето сама и со помош на спонзор, па се надева дека ќе го заврши патувањето за околу два до три месеци.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска