ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

Од:

Американската влада поднесе нова тужба против социјалната мрежа ТикТок за незаконско собирање податоци за деца, како и затоа што не одговарале кога родителите се обиделе да ги избришат профилите на нивните деца.

Министерството за правда соопшти дека практиките на компанијата се еднакви на „масовно нарушување на приватноста на децата“, што е спротивно на законите кои бараат согласност од родителите за собирање информации од лица помлади од 13 години, пишува Би-Би-Си.

Во 2019 година, сличен случај беше покренат против БајтДенс (ByteDance), компанијата која стои зад ТикТок, а во септември минатата година, ирските регулатори ги казнија со 345 милиони евра за кршење на приватноста на децата.

TикТок ги оспори тврдењата и рече дека е „горд“ на своите напори да ги заштити децата и дека ќе продолжи да ја подобрува социјалната мрежа. Оттаму изјавија дека проактивно ги отстраниле малолетните корисници и доброволно воспоставиле заштита, како што се ограничувањата на времето поминато на екранот и дополнителните заштитни мерки за приватност за малолетниците.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: Трамп размислува за суспендирање на забраната на TikTok за 60 до 90 дена

Трамп е против забараната на TikTok во САД

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

ЛДП: Забрана на Тик Ток и контрола на содржината на социјалните мрежи за поголема онлајн заштита на децата

TikTok на чекор да биде забранет во САД

А1он

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете