Трамп нареди создавање нов државен фонд: „Тој би можел да го купи TikTok“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се упатуваат одделенијата за финансии и трговија да создадат владин инвестициски фонд за кој рече дека може да ја купи социјалната мрежа TikTok.

TikTok, кој има околу 170 милиони американски корисници, накратко беше отстранет од интернет непосредно пред да стапи на сила законот на 19-ти јануари со кој се бара од кинескиот сопственик ByteDance да го продаде или ќе се соочи со забрана за неговата употреба поради национална безбедност.

По преземањето на функцијата на 20 јануари, Трамп потпиша извршна наредба со која се предвидуваше 75-дневно одложување на спроведувањето на законот.

Американскиот претседател рече дека е во разговори со неколку луѓе за купување на TikTok и дека најверојатно ќе донесе одлука за иднината на популарната апликација во февруари.

Би можело да ве интересира

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат