За првпат во историјата на EXIT, оваа година ќе се случува „фестивал во фестивал“ – светската денс-атракција The Prodigy доаѓаат со својот патувачки спектакл „Warrior’s Dance Festival“, објавија организаторите.
Заедно со The Prodigy, ќе настапат и DJ Fresh, Feed Me, The Prototypes, Brookes Brothers, на кои за ова прилика ќе им се придружи и диџеј-дуото South Central и српскиот хардкор бенд Eyesburn.
Како загревање за „Warrior’s Dance“ оваа година, погледнете го настапот на The Prodigy на главната сцена на EXIT во 2009, пред повеќе од 35.000 луѓе: