Тестенини во сос од туна и кашкавал

Од:

Вкусни, сочни  и ароматични тестенини …

Потребно е:
1 главица кромид
4 лажици путер
200 гр шампињони
2 лажичиња сос од соја
80 мл шери бренди
80 гр брашно
2 чаши (од 200 мл) пилешка супа
1 чаша млеко
2 лажичиња сок од лимон
1 прстофат сол
170 гр туна во масло, од конзерва
200 гр тестенини, со јајца
3 кришки бел леб
1 чаша чедар кашкавал
1 лажица масло

Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 200 целзиусови степени. Подлабока огноотпорна тава убаво намастете ја со путер.

– Во тава на рингла на 1,5 лажица масло и малку сол пропржете го ситно сецканиот кромид околу 5 минути со повремено мешање.

– Зголемете ја температурата на ринглата и во тавата додадете ги сецканите шампињони. Продолжете со динстањето со повремено мешање додека да пуштат течност, околу 2 минути.

– Додадете го соја сосот и продолжете со динстањето додека да испари течноста што ќе ја пуштат печурките.

– Додадете го шерито и динстајте додека да испари. Тргнете ја тавата од рингла.

– Во друга тава на рингла на преостанатите 3 лажици путер на тивко пропржете го брашното некаде околу 3 минути со постојано мешање.

– Постепено сипете ја пилешката супа со постојано мешање и загрејте ја до вриење.

– Сипете го млекото и повторно загрејте до вриење. Варете 5 минути со повремено мешање.

– Додадете ја смесата со шампињони, сок од лимон и сол.

– Туната иситнете ја на помали парчиња и додадете ја во сосот. Зачинете со сол и бибер.

– Сварете ги тестенините (макарони или фусили) според упатството на пакувањето. Исцедете ги и вратете ги во садот во кои се вареа.

– Преку тестенините прелијте го сосот и внимателно промешајте. Сипете ја содржината во огноотпорната тава за печење.

– Во еден сад измешајте ги издробената средина на кришките леб и изренданиот кашкавал. Попрскајте со маслиново масло, измешајте и посипете над тестенините во тавата.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна, 20-30 минути додека да добијат убава крцкава кора.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска