Тестенини со зеленчук и туна

Од:

Потребно е:
400 гр некои помали тестенини
1 лажиче сол
4 л вода

за бешамел сосот:
30 гр путер
2 полни лажици брашно
750 мл млеко
сол и бибер, по вкус
прстофат мелено морско оревче
150-200 гр изрендан топлив кашкавал

и уште:
1 помала главица кромид
3 чешниња лук
2-3 конзерви туна (секоја по 180 гр)
сецкан свеж магдонос
200 гр брокула
1/2 лажиче италијански зачин
2 домати

Подготовка:
– Во садот сипете ја водата и оставете да почне да врие, Додадете ги тестенините и солта и варете ги според упатството на пакувањето.

– Додека се варат тестенините, во поголема тава сипете малку маслиново масло или путер и оставете да се растопат. Додадете го ситно сецканиот кромид и пржете додека да омекне. Додадете го ситно сецканиот лук и кратко пржете додека да замириса.

– Во тавата додадете ја и туната од конзерва која претходно сте ја исцедиле од маслото и иситнете ја.

– Посипете со сол и бибер, додадете го ситно сецканиот магдонос, измешајте и сипете ја оваа смеса во поголем сад.

– Во тестенините, 3 минути пред да бидат сварени, додадете ја брокулата иситнета на помали цветчиња. Исцедете ги сварените тестенини и брокулата и сипете ја во садот кај туната.

– Истата тава избришете ја со хартија и ставете 30 гр путер. Оставете да се растопи и загрее и додадете го брашното. Пржете го кратко со постојано мешање додека малку да порумени. Почнете да го сипувате млекото но со постојано мешање со маталка за да не се создадат грутки.

– Додадете сол, бибер, мелено морско оревче и варете со постојано мешање додека малку да се згусне.

– Тргнете го садот на страна и додадете 150 гр изрендан кашкавал. Мешајте додека да се растопи кашкавалот.

– Така подготвениот бешамел сос сипете го во садот кај тестенините и туната. Додадете од италијанскиот зачин и убаво измешајте.

– Тавата за печење премачкајте ја со малку масло и сипете ја подготвената смеса и израмнете.

– Одозгора наредете ги доматите исецкани на тркалца и посипете со остатокот од изренданиот кашкавал. Тавата покријте ја со хартија за печење, а потоа со алуминиумска фолија (хартијата ја ставате за да не се залепи кашкавалот на фолијата).

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути. потоа тргнете ги хартијата и фолијата и печете уште 10-15 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска