Тестенини со топчиња од туна

Од:

Шпагети со многу вкусен сос од домати и мали ќофтенца од туна …

Потребно е:
2 конзерви (320 гр) туна
50 гр лебни трошки
1 јајце
400 гр шпагети
500 мл сос од домати
сок од 1 лимон
свеж магдонос
маслиново масло

Подготовка:
– Во еден сад ставете ја туната која претходно сте ја исцедиле од маслото. Додадете го јајцето, сокот од лимон, лебните трошки и сецкан свеж магдонос.

– Со раце земајте од смесата и обликувајте мали топчиња. Топчињата од туна кратко пропржете ги на маслиново масло.

– Шпагетите ставете ги да се варат во врела вода според упатството на пакувањето. Пред самиот крај на варењето кога водата ќе испари, додадете ги топчињата туна и сосот од домати и динстајте уште неколку минути со постојано мешање.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска