Тестенини со сланина и тиква

Од:

Тестенини во комбинација со тиква, рузмарин и сланина незаборавен ароматичен спој …

Потребно е:
400 гр тестенини по избор
2 гранчиња рузмарин
1 главица црвен кромид
5 парчиња месната сланина
2 чешниња лук
кисела павлака
300 гр тиква
путер
сол, бибер
рендан пармезан
маслиново масло

Подготовка:
– Сланината исецкајте на на ленти и пропржете ги додека да станат крцкави. Ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.

– Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на 2 лажици маслиново масло. Додадете го рузмаринот, сипете сол и бибер, а потоа додадете ги и издробените чешниња лук.

– Сварете ги тестенините во солена вода според упатството на пакувањето.

– Исцедете ги, но сочувате ја течноста.

– Исчистете ја тиквата и исечете ја на коцки. Сварете ја во малку посолена вода и потоа сомелете ја во блендер. Додадете малку путер, сол, бибер и малку млеко и повторно изблендирајте.

– Во испржениот кромид додадете го пирето од тиква и киселата павлака, убаво измешајте и држете го кратко на топла рингла.

– Во смесата со тиква додадете ги исцедените тестенини и малку од течноста во која се вареа тестенините и тргнете го садот на страна.

– Ставете ги тестенините во чинии, одозгора ставете од лентите испржена сланина и на крај посипете со рендан пармезан.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска