Брзо и едноставно …
Потребно е:
250 гр тестенини по желба
1 чаша (од 250 мл) смрзнат грашок
1 чаша смрзната пченка
3 лажици путер
1 лажица брашно
1 чаша млеко
2 чаши сецкано печено мисиркино месо
1 чаша рендан кашкавал, по избор
сол, бибер
малку изрендано морско оревче
Подготовка:
– Тестенините сварете ги според упатството на пакувањето. Наместо во вода може да ги сварите во пилешка или зеленчукова супа.
– Додека се варат тестенините преминете на подготовка на бешамел сосот. Во подлабок сад на рингла растопете го путерот. Додадете 1 лажица брашно и запржете го. Почнете полека да додавате млеко со постојано мешање. Варете го сосот со мешање додека да се згусне. Зачинете со сол и малку изрендано морско оревче.
– Во готовиот сос додадете го ситно сецканото и претходно испечено мисиркино месо.Измешајте.
– Додадете ги и грашокот, пченката и исцедените тестенини. Убаво измешајте и целата содршина сипете ја во тавата за печење која претходно сте ја намастиле со малку масло.
– Одозгора посипете со рендан кашкавал и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека кашкавалот да добие убава златно-жолта боја.
– Сервирајте ги топли.