За овој рецепт може да користите тестенини по избор …
Потребно е:
400-500 гр тестенини по избор
1 пакување (250 гр) замрзнати морски плодови
1,5 чаша (од 250 мл) бело вино
7-8 чери домати
5 лажици маслиново масло
1 главица кромид
сол, бибер
магдонос или копар, за посипување
Подготовка:
– Оставете ги морските плодови да се одмрзнат.
– На масло пропржете го сецканиот кромид. Ставете ги морските плодови и полијте со бело вино (немојте одеднаш да го сипете целото вино, туку малку по малку). Динстајте 7-8 минути.
– Додадете ги чери доматите исечени на пола, посолете, посипете со бибер и динстајте уште 3-4 минути (треба да остане околу 1 прст тешност во тавата).
– Додека се подготвува сосот сварете ги тестенините во солена вода според упатството на пакувањето. Исцедете ги и додадете ги кај морските плодови и убаво измешајте за да се спојат сите вкусови. Динстајте уште 1-2 минути.
– Кога ќе ги сервирате посипете ги со сецкан свеж магдонос или копар и бибер. По желба може да ги посипете со изрендан пармезан.