Тестенини со месо, шампињони и павлака

Од:

Потребно е:
450 гр свински врат без коски
3-4 лажици брашно
масло за пржење
2 средно големи главици кромид
4 чешниња лук
2 мали теглички или конзерви шампињони исечени на листови
300 гр тестенини
400 мл павлака за готвење
300 мл млеко
1/2 коцка за говетска супа
сол, бибер

Подготовка:
– Месото исечете го на ленти, посипете го со брашно и измешајте.

– Кромидот исечете го на тенки листови, а лукот ситно исецкајте го.

– Шампињоните исцедете ги, а тестенините сварете ги во солена вода.

– Во голема тава на рингла ставете малку масло и пропржете го месото и тоа дел по дел (1-2 минути). Испрженото месо извадете го од тавата.

– На преостанатата маснотија во тавата испржете ги кромидот и лукот. Додадете ги шампињоните, зачинете со бибер и додадете ја издробената коцка за супа.

– На крај додадете ги павлаката за готвење и млекото и оставете да почне да врие.

– Вратете го месото во тавата, смалете ја температурата, поклопете и оставете да се вари 5-8 минути.

– Тестенините исцедете ги и ставете ги во тавата. Измешајте убаво.

– На крај зачинете со сол и бибер, по вкус и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска