Тестенини и видови на тестенини

Од:

Тестенини! Шпагети, шпагетони, ригатони, фетучини…

Италијанците направија цела наука за пастата. Ја делат по машки и женски род, дебелина, правилна и неправилна форма… Некоја паста е уникатна за определен регион и не е широко позната. Некоја паста пак има различно име на различен јазик, а понекогаш дури и различно име на ист јазик. Постојано се измислуваат и прават нови форми на паста во фабриките низ светот. Се измислуваат други имиња и облици понекогаш и заради маркетинг.

Италијанските тестенини често завршуваат во машки род множина -> -ини,-елли,-илли,-еттиили женски род множина -> -ине,-елле.

Сигурно сте забележале некогаш кога сте готвеле тестенини дека сосот не се лепи убаво на нив, паѓа долу во чинијата. Тоа е исто така дел од италијанската енциклопедија за пастата.

Во Венеција има многу продавници во кои се продаваат тестенини во најразлични облици, форми, бои и вкусови.

Ако сакате да подготвите свежа паста, се што ви треба се 1 шолја брашно и 1 јајце. Откако ќе го направите тестото, може да обликувате тестенини по ваша желба.

Секоја паста си има сос со кој треба да се приготвува.

– Долги тестенини: (најмногу се употребуваат со ретки сосови)
Spaghettoni, шпагетони – дебели шпагети
Spaghetti, шпагети – најпознати тестенини во светот со средна дебелина
Spaghettini, шпагетини – тенки шпагети
Bucatini, букатини – дебели цевчести шпагети
Fusillilunghi, фусили лунги – многу долги тестенини, како телефонска жица
Fusillibucatini, фусили букати – долги вртени тестенини

– Тестенини во лента: (идеални се за ретки сосови)
Fettuccine, фетучини – паста со должина од 6,5 мм
Lasagne, лазањи – широки тестенини
Lasagnette, лазањети – потесни лазањи
Linguine, лингвини – рамни шпагети
Mafaldine, мафалдини – долги тестенини во лента со благи свртувања на краевите
Pappradelle, папрадели – дебели и рамни тестенини
Tagliatelle, таљатели – потенки тестенини од фетучините

– Кратки тестенини: (идеални се за густи сосови)
Digitalini, диталини – кратки тестенини во облик на цевка
Gomito, гомито – закривени цевчести тестенини
Fusilli, фусили – спирални тестенини
Garganelli, гарганели – тестенини со јајца во облик на коцка, свртени како цевка
Maccheroncelli, мачерончели – празни тестенини во обил на молив
Manicotti, маникоти – големи тестенини за полнење со рецки
Penne, пене – тестенини со средна големина и рецки, дијагонално засечени на краевите
Rigatoni, ригатони – големи и благо закривени цевчести тестенини
Spirali, спирали – спирални цевчести тестенини

– Декоративни тестенини:
Campanelle, кампанели – рамни тестенини како камбани, со набрани рабови на краевитеConchiglie, кончилии – тестенини во облик на школка
Conchiglioni, кончилиони – големи тестенини во облик на школка, погодни за полнење
Farfalle, фарфали – тестенини во облик на машна или пеперутка
Fiori, фиори – тестенини во облик на цвет
Orecchiette, оричиети – тестенини во облик на мали уши
Rotelle, ротеле – тестенини во облик на тркало
Rotini, ротини – спирални тестенини со две или три вртења
Strozzapreti, строцарпрети – рустично вртени тестенини
Trofie, трофи – тенки вртени тестенини

– Тестенини за минута: (најчесто се користи како додаток во супа наместо ориз или фиде)
Анцинидипепе–тестенини како монистра
Anelli, анели – прстенести тестенини
Couscous, кус-кус – најпозната во Северна Африка и Европа, тестенини како лебни трошки
Fregula, фрегула – паста од Сардинија, како монистра
Orzo (Risoni), орзо – тестенини во облик на ориз

– Тестенини за полнење:
Agnolotti, агнолоти – полукружни џебови. Се полнат со рикота сирење, микс од пасирани зеленчуци, сирење и месо.
Cannelloni, канелони – дебели цевчести тестенини. Се полнат со различен фил и се печат.
Ravioli, равиоли – тестенини во облик на коцка со димензии 3×3 погодни за полнење со сирење, мелено месо.
Tortellini,тортелини – полнети тестенини во облик на прстен. Се полнат со месо или сирење.

– Тестенини со неправилни форми:
Gnocchi, њоки – вид тестенини обично со тркалезен облик, направени од брашно и компир
Passatelli, пасатели – паста од лебни трошки, јајца, пармезан и морско оревче. Најчесто се прави како додаток за супа. Потекнува од Северна Франција.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска