Американскиот производител на електрични автомобил „Тесла” кон својата понуда додаде и покривни панел плочи, кои од сончевите зраци произведуваат струја за домаќинствата.
Нарачк на соларните панели за на покрив запонаа од 10 мај преку интернет страната на „Тесла”.
Поставувањето на панелите ќе почне наредниот месец во САД, и тоа прво во Калифорнија, а надвор од американска територија се очекува првите системи да бидат инсталирани во текот на идната година.
Стаклените плочи кои фирмата „Тесла” ги претстави минатата есен, изгледаат како традиционален покрив, односно како класични ќерамиди или покривни камени плочи, но во нив има фото-напонски батерии кои не се видливи.
Интернет страната на „Тесла” има и калкулатор на кој потенцијалните купувачи можат да ја пресметаат цената на соларниот покрив врз основа на големината на куќата, количеството на светлина во областа каде живеат, како и висната на данокот.
Според наводите на компанијата, купувањето и поставувањето на соларните плочи на „Тесла” во САД ќе чини околу 450 долари по метар квадратен, додека метар квадратен обилни камени покривни плочи чини околу 180 долари.
Меѓутоа, за снабдување на струја на повеќето куќи би било доволно со соларни плочи да се покрие 30 до 40 проценти од покривот, а остатокот со обични ќерамиди, кои би се вклопиле со соларните.
Иако поскап, покривот со фото-напоски батерии со време се исплатува преку заштедата на електричната енергија.
Директорот на компанијата Илон Маск не сакаше да шпекулира колку порачки компанијата очекува во текот на оваа година.
– Ќе биде многу тешко и ќе треба време, а ќе има и проблеми секако. Но, тоа е единствена разумна визија за иднината, заклучи Маск.