Телешки шницли со њоки од леб

Од:

Нашиот избор за денешниот ручек …

Потребно е:
1 главица кромид
3 лажици масло
50 мл вода
2-3 чешниња лук
1 морков
30 гр чадена панцета
500 гр телешки шницли
мелен сув зачин
бибер
1 ловоров лист
неколку листови жалфија
прстофат оригано и босилек
1 лажица џем од сливи
100 мл вода
100 мл црно вино
200 мл пасирани домати
2 лажици пире од домати
1 лажица сецкан свеж магдонос
прстофат морско оревче во прав

за њоките од леб:
150 гр стар црн леб со семки
30 гр путер
2 јајца
200-300 мл млеко
1/2 лажиче сол
100 гр брашно
1 лажица сецкан свеж магдонос

Подготовка:
– На загреано масло пропржете го сецканиот кромид, сипете вода, додадете го сецканиот лук, морковот исецкан на тркалца и панцетата исецкана на коцки.

– Кратко динстајте додека панцетата да пушти мирис, а потоа додадете ги шницлите кои претходно сте ги истолчиле со дрвен чук и зголемете ја температурата. Кога ќе поруменат од едната страна завртете ги да се испечат и од другата страна.

– Смалете ја температурата, зачинете по желба со сол, бибер, ловоров лист, листви жалфија, оригано, босилек и џем од сливи. Сипете вода и вино и оставете да се вари 30 минути поклопено со капак.

– Додадете ги псираните домати и пирето од домати и варете уште 35 минути.

– Преминете на подготовка на њоките. Кришките леб исецкајте ги на коцкички и кратко испржете ги на путер.

– Тргнете ја тавата на страна и лебот прелијте го со разматени јајца со млеко. Оставете да стои 10-тина минути.

– Посолете, додадете го брашното и сецканиот магдонос. Убаво измешајте и со влажни раце обликувајте ги њоките. Од оваа смеса ќе добиете 14 њоки.

– Ставете ги да се варат во посолена вода што врие додека не испливаат на површината и продолжете да ги варите уште 8-10 минути. Сварените њоки извадете ги со решеткаста лажица од водата.

– Телешките шницли во сос послужете ги со прилог од њоки од леб. Посипете ги со сецкан свеж магдоноси прстофат морско оревче во прав.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска