„Телефон за тага“ во Јапонија

Од:

Жител на градот Оцучи во Јапонија, дошол на идеја во својата градина да постави телефонска говорница со исклучен телефон за да може да „разговара со мртвите“.

Човекот дојде на оваа идеја, бидејќи во цунамито што го погоди овој град во 2011 година, загуби блиски роднини и тагува за нив. Со овој телефон им се јавува за да разговараат. Тој вели „ветерот ги носи“ неговите зборови до оние кои му недостасуваат.

По ударот на цунамито откако се прошири веста за телефонската говорница, голем број луѓе доаѓаат во Оцучи за симболично да стапат во контакт со оние кои ги загубиле и да се збогуваат со нив.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија