[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Треса Монталво, од Тексас, за Денот за вљубените доби несекојдневен подарок, роди два пара идентични близнаци, што се случува еднаш во 70 милиони породувања, соопштија од болницата во која 36-годишната жена се породи.
Како што пренесува „Ројтерс“, четирите момчиња се родени во 31-та недела од бременоста со царски рез, во болница во Хјустон.
Треса и нејзиниот сопруг, Мануел Монталво не примале никаква медицинска терапија.
Само се надевале дека ќе му подарат брат или сестра на својот двегодишен син Мамфис.
-Бременоста беше планирана, а изгледа во тоа бевме повеќе од успешни- прокоментира мајката која во 10-тата недела од бременоста од својот лекар дознала дека носи близнаци.
На следната контрола лекарот открил дека има и трето отчукување на срце, а на семејстовото подоцна му соопштило дека чекаат четворка, но не обична, туку два пара близнаци.
Можноста жена природно да роди два пара идентични близнаци се еден наспроти 70 милиони.
Момчињата Ејс и Блејн се тешки 1,64 килограми и 1,79 килогради, родени се на 14-ти февруари во 08.51 часа, а минува подоцна на свет дошле и нивните браќа Кеш и Дилан, тешки 1,33 и 1,53 килограми.
-Не го очекувавме ова, сакавме да добиеме едно, но благословени сме со четворка- изјави среќната мајка, додека нејзиниот сопруг додаде дека ова не е крај, бидејќи тој сака ќерка.