Тејлор Свифт и Бредли Купер подарија своја гитара за добротворни цели

Од:

Тејлор Свифт, Бредли Купер и кантри-пејачот Кит Урбан подарија своја гитара за добротворната аукција на „Кристи’с“. Наддавањето и продажбата траат од 16 до 29 октомври, и имаат за цел прибирање средства и помош за кантри-музичарите во САД, погодени од корона-кризата.

Така, гитарата „Гибсон“ на Тејлор Свифт и деветте перца, се очекува да достигнат цена од 25.000 до 40.000 долари. Електричниот инструмент на Бредли Купер, пак, користен во филмот „Ѕвездата е родена“ од пред две години, се проценува на 2.000 – 4.000 долари.

На наддавањето ќе се најде и 30-годишен цимбал на кантри-ѕвездата Доли Партон (проценет на 50.000 – 100.000 долари), акордеон на Шерил Кроу (8.000 – 12.000 долари), како и гитари на Двајт Јокам и Блејк Шелтон.

Би можело да ве интересира

Виолина од 1714 година продадена за 11,25 милиони долари

А1он

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он