Тасманија – егзотичен остров на крајот на светот

Од:

Тасманија е едно од оние рајски места коешто треба да го посетите ако патувате за Австралија. Островот се наоѓа на 240 км од континентот, а холандскиот авантурист Абел Тасман бил првиот човек кој го истражил во 1642 година.

Една од најпознатите знаменитости е тасманскиот ѓавол кој во Тасманија е ендемичен вид, и е најголемиот месојаден торбар. Над 40 отсто од островот спаѓа во подрачјето заштитено како светско природно наследство.

Гостопримливите мештани, пријатната клима, традиционалната кујна и опуштената атмосфера нудат фантастична прилика за одмор од сништата.

Пештерата Хејстингс и термалните извори

Прошетка во тунел меѓу сталагмити и сталактити со повремено навлажнување со топла изворска вода од 28 степени Целзиусови е одлична комбинација. Пештерата Хејстингс е на 90 минути возење од сојузниот главен град Хобарт.

Планината Велингтон

По Сиднеј, најстар град во Австралија е Хобарт. Над него се издига планината Велингтон висока 1.270 метри. А, доколку се искачите на неа кога е облачно, ќе искусите како е да се стои над облаците.

Заливот Вајнглас

Плажите во тој залив редовно се наоѓаат на светските листи како едни од најубавите. Со старинските складишта, ресторани, едрилици и чамци, погледот е како од разгледница.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска