Фина пита со спанаќ и печурки …
Потребно е:
за тестото:
125 гр путер
200 гр брашно
1 лажиче сол
1 јајце
50 мл ладна вода
1 лажица јаболков оцет
за филот:
2 лажици маслиново масло
250 гр свеж спанаќ
200 гр шампињони
1 чешне лук
прстофат сол
200 гр шунка
150 гр кисела павлака
100 мл ладно млеко
1 јајце
1 лажиче сол
50 гр кашкавал
путер за премачкување на тавата
Подготовка:
– Во еден подлабок сад измешајте ги брашното и солта. Потоа додадете го ладниот путер исечен на листови и со раце втријте го во брашното. Додадете го претходно изматеното јајце, ладна вода и оцет, па со вилушка убаво измешајте.
– Тестото обликуваје го како топка, завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер околу 20 минути.
– За тоа време подгответе го филот. Ситно исецкајте го измиениот спанаќ.
– Печурките измијте ги, исушете ги и исецкајте ги на листови.
– Во загреана тава без додавање на масло ставете го спанаќот и динстајте го на средна температура.
– По 5-6 минути кога ќе испари целата течност, спанаќот сипете го во друг сад, а во тавата сипете масло и додадете ги печурките и ситно сецканиот лук. Малку посолете и динстајте додека да ипари целата течност што ќе ја пуштат печурките.
– Готовите печурки ставете ги во садот кај спанаќот и оставете да се изладат.
– Извадете го тестото од фрижидер и ставете го на малку набрашнета работна површина. Со сукало развлечете го во форма на кругсо дијаметар околу 32 см и дебелина околу 2 мм.
– Калапот за печење со дијаметар од 26 см премачкајте го убаво со путер по дното и ѕидовите. Набрашнете го сукалото, намотајте го тестото на него и пренесете го во подготвениот калап. Со раце убаво притиснете го тестото во калапот, а вишокот што излегува надвород калапот исечете го остар нож. Со вилушка избоцкајте го тестото на дното на калапот.
– Изрендајте малку кашкавал на тестото и ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени колку да се растопи кашкавалот.
– Разматете го јајцето со млеко и во тоа додадете павлаката и солта. Убаво измешајте. Во така подготвената смеса додадете ги спанаќот, печурките и на коцки ситно сецканата шунка. Измешајте за да се соединат соте состојки.
– Извадете го тартот од рерна и смесата рамномерно сипете ја на тестото.
– Ставете да се пече во загреаната рерна на 220 степени околу 20 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 20-тина минути. Пред крај на печењето на тартот изрендајте малку кашкавал. Ако почне да потемнува покријте го со алуминиумска фолија додека се пече и тргнете ја при крајот на печењето.
– Оставете да се излади 20-тина минути, а потоа извадете го од калапот, исечете го на парчиња и послужете.