Тарагона – скапоцен камен во римска Хиспанија

Од:

Градoт Тарагона или античкиот Тарако, бил еден од скапоцените камења на римската Хиспанија и седиште на најголемата провинција на Иберискиот полуостров.

Во текот на војната со Ханибал на ова место се истоварил  Сципион Африканецот, и на тој начин го почнал  освојувањето на денашна Шпанија.

Денеска Тарагона е шармантно медитеранско место што го чува наносот на повеќе историски епохи. И покрај фактот дека луѓето долго време ја користиле локацијата како место од каде извлекувал градежен материјал, сепак, доволно се зачувани остатоци од античкиотг амфитеатар, а уште поживописен е аквадуктот, веднаш над градот.

Откако ќе се оддалечите од центарот, постепено ве опкружува предел богат со медитеранска вегетација. Продолжувајќи понатаму можете да го пронајдете „Мостот на ѓаволот“, како што го нарекуваат локалните жители. По една од верзиите на средновековната легенда, заради големите проблеми што луѓето ги имале во токот на изградбата на објектите, ѓаволот се обложил со нив дека ќе успеат во тој потфат. За возврат ја земал душата на ќерката на главниот неимар.

Достоинствениот аквадукт делува многу живо во оваа тишина и самотија. Како да се слушаат и гласовите на Римјаните кои го изградиле. На местото каде долината се премостува, максималната висина на аквадуктот е 27 метри. Всушност, околу 80 отсто од неговата должина ја сочинуваат заѕидани канали вкопани во земја. И овој, долг 25 километри, оддражувајќи ја римската култура на живеење, ги поврзувал реката во ридиштата и градот на брегот – природата и луѓето.

taragona1

Конструкцијата на овој тип аквадукти се создавани со една или повеќе низи на столбови, засводени со полукружни сводови, преку кои одел цевковод. Често пати на нив можеле да се забележат засилувања кои  служеле за поставување  на оплатата пред изработката на лаковите, односно сводовите, а некогаш и променливи пресекувања по висината на столбовите, со што се спречувала појавата на искривувања и губење на стабилноста.

Сето тоа делувало како самостоен проект на некој џин – што Рим и всушност бил.

Пред вас се наоѓа римски дух овековечен во камен: постојаност, смелост, организација, грандиозност и брутална сила.

Кога во 312. г. п.н.е бил изграден првиот аквадукт во Рим, и водата била донесена до  куќите, аристократија почнала почесто да се капе од еднаш неделно. Не бадијала Луис Мамфорд забележал дека зад големите материјални изуми не стои само „долг внатрашен развој на техниката“ туку и „преориентација на желбите, навиките, идеите и целите“, значи промена на умот.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска