Тамара Тодевска меѓу шесте Европејките од регионот, кои прават промени

Од:

Тие пеат, освојуваат планини, брилираат во науката, се борат за човекови права… Ги поместуваат границите во секое поле и поттикнуваат други да го следат нивниот пример. Ги инспирираат новите генерации да работат за подобра Европа. Тамара е меѓу шесте силни жени од регионот вклучени во новата кампања на Европската служба за надворешна акција, насловена како „Европејки кои прават промени“.

Тамара Тодевска ја направи Северна Македонија горда освојувајќи најголем број гласови од жирито и завршувајќи на седмото место на ланскиот Евросонг. Со порака за зајакнување и рамноправност, нејзината песна Proud се издигна во симбол на европските аспирации на нејзината земја.

Тамара и останатите пет жени кои се дел од кампањата имаат различни професии. Но нив ги поврзува талентот, силата, храброста, посветеноста и мотивираноста – да ги бранат човековите права, да ја штитат животната средина, да им даваат сила и да им помагаат на другите…

Во периодот кога се обележува Меѓународниот ден на жената, запознајте ги во срцето на Европа, во Западен Балкан. Погледнете како го работат она што го сакаат и што им значи. Видете како ги инспирираат новите генерации да работат за посилна, пообединета, порамноправна и просперитетна Европа.

Во врска со оваа кампања, Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, напиша на неговиот блог дека приклучувањето кон ЕУ значи „градење ЕУ дома“.

-Успехот на нашите партнери во Западен Балкан во „градењето ЕУ дома“ не зависи само од работата на владите и институциите на ЕУ. Тоа е суштинско, но вистинскиот успех зависи од ангажираноста на луѓето во овие општества, од дејствата на граѓаните, кои го обликуваат општеството во кои тие и нивните деца може да имаат благосостојба, вели Борел.

-Многупати сум рекол и ќе повторам сега: ЕУ не е целосна без Западен Балкан. За да биде ЕУ целосна и за да ја направиме посилна и попросперитетна, ни требаат луѓе како протагонистките во оваа кампања. Свесни сме за предизвиците во Западен Балкан и за трансформациите што треба да е случат за да се „изгради ЕУ дома“. Луѓето вклучени во оваа кампања се неопходни за овие трансформации, како и за да инспирираат други да се приклучат. Нивното знаење и придонес се неопходни за „градењето ЕУ“ во Западен Балкан. Нивните приказни ме потсетуваат на причините зошто патот на пристапување на Западен Балкан кон ЕУ е толку важен за сите нас во Европа. Процесот е во врска со луѓето и за луѓето. И овој процес мора да успее – за доброто на сите луѓе во Европа, напиша Борел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

Тамара Тодевска е позитивна на коронавирусот, го објави и резултатот од тестот

Жарко Настоски

Тамара има нова песна напишана од Џамбазов

А1он

Тамара Тодевска водителка на МАС

Драган Поповски

ВИДЕО: Тамара го наполни најпознатиот геј клуб во Лондон

Ана Ололовска

Тамара на претстојниот Евросонг ќе настапува под новото име

Сандра Бошковска