ВИДЕО: Тамара го наполни најпознатиот геј клуб во Лондон

Од:

Поп-пејачката Тамара Тодевска настапи во најпознатиот геј-клуб во Лондон, Royal Vauxhall Tavern. Таа успеа да го наполни клубот со фанови пред кои пееше речиси еден час. Забавата почна на полноќ, а Тамара ги отпеа своите најголеми хитови, како и евровизиската Proud.

Настапот во Лондон е дел од нејзината европска турнеја која почна со настапот во Мадрид.

Клубот се смета за едно од најзначајните места за ЛГБТ-популацијата во историјата и има добиено голем број признанија поради својата улога во подигањето на свеста и прифаќањето на оваа група во општеството.

Изграден е во 1860 година, а по Втората светска војна веќе бил познат како едно од најпопуларните места за собирање на геј-популацијата. Голем број познати ѕвезди имале свои настапи во РВТ, каде се одржуваат тематски забави, кабаре-програми и разни контроверзни уметнички шоу-претстави.

Покрај настапите Тамара во моментов работи на својот трети студиски албум, а наскоро се очекува и прмоција на спотот за нејзиниата нова песна Monsters.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Brass Brothers“ ја снимија првата авторска песна

Ана Ололовска

„Дивље јагоде“ со новиот албум на медиумска промоција во Скопје

Ана Ололовска

Метју Витакер – слепото момче кое е виртуоз на пијано

А1он

ВИДЕО: Холограмскиот настап на Витни Хјустон ги изненади сите

А1он

Лана дел Реј ја откажа својата турнеја

А1он

Џастин Бибер објавува нов албум, прв по пет години пауза

Ана Ололовска