Таксистите во Париз и Рим најнељубезни, најпријатен превозот на Родос и во Мармарас

Од:

Возењето во Рим и Париз со сопствен автомобил понекогаш може да биде вистински пекол, но тешко дека овој проблем ќе го решите доколку се одлучите да повикате такси, покажа најновото истражување.


Анкетата што неодамна беше спороведе покажа дека најљубезни се такси возачите на грчкиот остров Родос и популарното турско летовалиште Мармарис, додека француските и италијанските таксисти од страна на британските патници се прогласени за најнељубезни.


Истражувањето што беше спроведено од агенцијата airporttransfers.co.uk покажало дека според нељубезноста веднаш под француските и италијанските таксиста се наоѓаат нивните колеги на шпанската Ибица, а на списокот за „избегнување“ се наоѓаат и таксиситите во Дубаи и на Мајорка.


Истражувањето опфатило вкупно 2.162 англиски патници кои патувале во странство во изминатите 12 месеци и покажало дека наљубезни таксисти се оние од Пефкос на Родос и од турскиот Мармарис. Веднаш под нив според квалитетот на услугата и љубезноста се наоѓаат таксистите од Плаза де Лас Америка на Тенерифе, потоа во Њујорк, како и во местот Палма Нова на Мајорка.


Кога им било поставено прашањето што таксистот го чини пољубезен, 86 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е нивната дарба да раскажуваат, додека  42 отсто рекле дека се тоа оние возачи кои во текот на возењето им давале совети или ги запознавале со историјата, обичаите и традицијата на местото.


На одоговорот што таксистот го чини недоделкан и нељубезен, повеќето испитаници (52 отсто) рекле дека тоа се „лицата кои не биле од никаква корист“.


Крис Кларксон од компанијата airporttransfers.cо.uк изјавил дека истражувањето покажува дека такси возачите се сосема различни во различни делови на светот, и дека патниците треба да бидат подготвени на тоа дека можат да налетаат на возач кој воедно ќе им биде и совршен туристички водич, но и на оние кои ќе реагираат на секој нивен збор.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска