Таџ Махал по шест месеци повторно отворен за посетители

Од:

Едно од најпознатите светски зданија, Таџ Махал по шест месеци е повторно отворено за посетители. Ова беше најдолг период во кој некогаш храмот бил затворен, а во Индија сè уште расте бројот на заразени со коронавирусот.

Мавзолејот во градот Агра беше затворен во март, по воведените мерки против Ковид-19. Правилата велат дека сега ќе може да прими само 5.000 посетители на ден, со строги епидемиолошки мерки.

Во вообичаен ден, мермерниот мавзолеј од 17. век, го посетуваат и до 70.000 луѓе. Сега целиот објект е редовно дезинфициран, а на посетителите ќе им се мери температурата на влезот. Билетите се плаќаат со картички. Групно фотографирање е забрането поради наложеното физичко растојание.

Последен пат Таџ Махал беше привремено затворен во 1978 година, при поплавите во Агра. Претходно храмот беше затворен на неколку дена во 1971 година, за време на војната меѓу Индија и Пакистан.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска