Традиционална либанска салата. Освежителна и многу здрава посебно поради количината на магдонос во неа.
Потребно е:
1 чаша кус-кус (издробена пченица)
1 китка магдонос
1 домат
1 свежа краставица
1 лимон
маслиново масло
сол
Подготовка:
– Кус-кусот потопете го во млака вода за да омекне. Додадете му половина исцеден лимон и оставете да стои еден час. За тоа време кус-кусот ќе ја впие течноста и ќе набабри.
– Измијте го магдоносот и многу ситно исецкајте го.
– Исто така многу ситно исецкајте ги краставицата и доматот.
– Измешајте го сецканиот зеленчук со кус-кусот. Ако остане малку од течноста, исцедете ја.
– Пред да ја послужите салатата посипете ја со сок од половина лимон и маслиново масло.
Послужување: Во некои рецепти може да се најде и ситно сецкана главица црвен кромид.