Печено месо со пикантна коричка од бибер, полнето со суво овошје и ф`стци …
Потребно е:
800 гр свинско каре без коска
3 лажици мед
1 лимон
3 см корен од ѓумбир, фино изрендан
100 гр ф`стци, исчистени и малку испечени
60 гр лебни трошки
50 гр суво грозје
50 гр суви брусници
2 лажици крупно мелен бибер
1 лажица мелена црвена пиперка
Подготовка:
– Месото ставете го на работна површина со масниот дел свртен нагоре. Со остар нож направете хоризонтален рез со дебелина околу 1 см од долниот дел. внимавајте да не го пресечете месото до крај. Отворете ги двата дела на месото како книга и повторно низ подебелиот дел направете хоризонтален рез од околу 1 см од долниот дел. Отворете го и повторете ја истата постапка додека да добиете цело парче месо со дебелина од околу 1 см.
– Во длабока чинија измепајте ги медот, 2 лажици сок од лимон, изрендана кора од 1 лимон и изренданиот ѓумбир. Додадете ги крупно исецканите ф`стци, лебните трошки, сувото грозје и брусниците и убаво измешајте.
– Распоредете го филот од ф`стци на месото по целаа средина до 1 см од краевите.
– Цврсто замотајте го месото почнувајки од пократката страна и заврзете го со коноп.
– Измешајте г биберот, црвената мелена пиперка и 1,5 лажиче сол.
– Премачкајте го месото со 2 лажици маслиново масло и убаво втријте ја мешавината од зачини.
– Загрејте ја тавата за печење на рингла, додадете малку маслиново масло и на него запечете го месото од сите страни. Веднаш префрлете го да се ече во загреана рерна на 160 целзиусови степени и печете го околу 50 минути.
– Извадете го месото од рерна, завиткајте го во алуминиумска фолија и оставете го да отстои 15-тина минути.
– Тргнете го конопот од месото, исечете го на парчиња и послужете.