Светска премиера на новата „Ана Каренина“

Од:

Во Лондон вечерва ќе биде одржана светска премиера на новата британска екранизација на познатиот роман на Лав Толстој „Ана Каренина“ со Кира Најтли во насловната улога.

На новата 130-минутна филмувана верзија на романот напишан пред повеќе од 130 години, работеше цела плејада британски ѕвезди- режисерот Џо Рајт, сценаристот Том Стопард и композиторот Дарио Маријанели.

Ана Каренина ја глуми Кира Најтли, Алексеи Каренин го глуми Џад Лоу, а Вронски Арон Тејлор-Џонсон, со колегите Метју Мекфаџен, Кели Мекдоналд, Оливија Вилијамс, Емили Вотсон и други.

Филмот е снимен кон крајот на 2011 година и почетокот на 2012 година во Велика Британија и Русија.

Рајт кој во август наполни 40 години не му е првпат да се занимава со историски драми – стана познат токму по новата екранизација на романот на Џејн Остин „Гордост и предрасуди“ (2005), а неговите филмови освоија голем број угледни награди (БАФТА, Златни глобус“, Оскар).

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата