Целиот месец октомври е посветен на борбата против ракот, а 13-ти октомври оваа година е одбележан како ден во кој треба да го соблечете градникот вклучувајќи се во кампањата за борба против ракот.
Организаторките на настанот велат дека градникот на жените често им користи, но женските гради се природно убави и не треба да бидат криени во корпите на градниците.
Тие ги повикаа сите храбри дами денес од дома да излезат без градник, а на најхрабрите им порачаа да облечат бела маичка.