Светилникот Рубјерг Кнуде, што се наоѓа во северните песочни дини во Данска беше преместен, првпат по 120 години. Со помош на платформа со тркала е поместен за 70 метри, поради ерозијата на земјиштето што се закануваше да го урне историскиот споменик во морето.
Светилникот е тежок 720 тони. Операцијата траела неколку часа, а била планирана 10 недели. Земјиштето околу зданието ќе биде пополнето со цемент.
Рубјерг Кнуде е популарна туристичка дестинација, којашто годишно привлекува околу 250.000 луѓе.
Светилникот почна да се гради во 1899 година, а првпат засвети на 27 декември 1900 година. Кулата кога беше изградена беше оддалечена од морето 200 метри. Но, ерозијата на тлото постојано го намалувало тоа растојание за два метра годишно.