Свештеничка ги преброила сите зборови што во Библијата ги кажале жени

Од:

Англиканската свештеничка Линдзи Хардин Фримен пред три години решила да почне интересен проект: да ги преброи сите зборови во Библијата што ги изговориле жени.

– Сакав да дознаат што жените во Библијата навистина сакале да кажат и ме изненади дека никој пред мене не го направил тоа, изјави Фримен за „Хафингтон Пост“, додавајќи дека планот и бил да ја идентификува секоја жена која зборува во Библијата и колку зборови кажала.

Истражувањето на Фримен и нејзините три помошнички е објавено во книгата „Жените во Библијата: Сите нивни зборови и зошто се важни“, која е издадена кон крајот на минатата година.

Според пребројувањето на Фримен, во Библијата постојат 93 жени кои нешто зборуваат. Од нив 49 се именувани и заедно изговориле 14.056 зборови, што е 1,1 отсто од вкупна содржина на Светото писмо.

Некои од нив имаат истакнати улоги како на пример мајката на Исус, Марија, која изговорила 191 збор. Марија Магаделана изговорила 61 збор, додека жената на Аврам, Сара 141 збор.

Фримен смета дека ова е доказ оти жените минувале низ „неверојатни трауми“ и дека во текот на минатите векови повеќе молчеле.

Со Фримен се согласува и прфеосрот Грег Кареј, експерт за Новиот завет, кој тврди дека оваа и претходните книги на слична тема направиле многу за прашањето на подигање на свеста за приказните на тие жени.

– Библијата воглавно ја пишувале мажи, а жените ретко биле присутни. Со ставувањето на овие приказни на едно место, Фримен создаде можност да ги согледаме во целина, вели Кереј.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он