Сузана била украдена како мала, а ја лажеле цел живот дека е посвоена, по 53 години следел шок

Од:

Сузана Џервејс исчезнала во 1969 година кога едно семејство шкотски патници понудило да ja однесе неа и нивните деца на одмор во Дизниленд на Флорида, но таа никогаш не била вратена.

Патниците во Шкотска и Ирска се нарекуваат Роми или само патници и се составени од голем број различни, разединети заедници кои зборуваат голем број различни јазици и дијалекти кои се однесуваат на различни обичаи, истории и традиции. Тие се склони кон постојани миграции, како што сугерира името.

Сузана најпрво била однесена во Канада, а потоа во Австралија и Нов Зеланд од страна на нејзината „нова мајка и татkо“ кои ја лажеле од четиригодишна возраст дека е посвоена.

Во меѓувреме, нејзиното британско семејство помина педесет и три години очајнички барајќи ја и плашејќи се дека никогаш повеќе нема да ја видат. Откако сопругот на Сузана неодамна објави апел на Фејсбук, Сузанa конечно го пронајде своето семејство. Само 30 минути по објавата, нејзините роднини во Понтефракт дознале за неа и побрзале да му одговорат на нејзиниот сопруг. Сега Сузана е повторно споена со четири од нејзините шест браќа и сестри, пишува Нијне.

Сузана, која живее во Австралија и има четири внуци, рече: „Како дете живеев со моите шест браќа и сестри во стара пасонал во туристичка област. Но, ние не бевме „патници“.

– Мама беше самохран родител, а јас и моите браќа и сестри повремено бевме во згрижувачки семејства, па се враќавме дома, рече таа. Во близина имаше и семејство патници, со кои се дружев како дете. Тие беа од Шкотска. Жената што ја сметав за мајка поголемиот дел од животот, имаше мултиплекс склероза. Имаа два сина, а мислам дека сакаа и девојче.

– Ја прашаа мајка ми дали можат да ме однесат во Дизниленд и таа им го даде мојот пасош. Наместо тоа, ме однесоа во Канада, потоа во Австралија, а подоцна и во Нов Зеланд – раскажа Сузана каде била откако исчезна. Тоа секогаш беше нивниот план – додаде таа. Тие и објасниле дека е посвоена затоа што нејзиното семејство така сакало.

– Живеев во заедница со патници и живеев убав живот и бев прилично разгалена – низ смеа рече таа. Жената што ја нарекувам мама, која ја сметам за мама, почина од мултиплекс склероза кога имав само 10 години. Иако живеев во патувачка заедница, бев прилично разгалена и згрижена. Бев многу сакана. Моето воспитување беше среќно. Го обиколив светот, рече Сузана.

Сузана, која ја води добротворната организација „Мисија свеж почеток“ заедно со нејзиниот патник сопруг Хамилтон (57), ја дознала вистината кога морала да обезбеди информации за нов пасош и не можела да најде хартиени докази за нејзиното посвојување.

– Неверојатната големина на она што ми се случи не ме погоди особено. Само си продолжив со животот, вели таа.

– Сијалицата ми се вклучи само кога пријател кој беше посвоен ме праша дали некогаш се прашувам како се чувствува моето семејство во Велика Британија. Кога првпат се слушнав со моите, хистерично плачеа од среќа што сум жива – се присетува таа и додава дека тогаш решила да ги посети во Велика Британија и договорила посета во моментот на нејзиниот 57 роденден со цел да има голема прослава за целото семејство.

Трагично, нејзината биолошка мајка починала пред осум години без да знае што се случило со нејзината ќерка. До денес не знаеме зошто полицијата никогаш не се вклучи, се прашува рече Сузана.

– Мислам дека тоа е затоа што мајка ми им даде дозвола да ме земат и сите некогаш сме биле во згрижувачки семејства.

Обединувањето на Сузана со нејзиното семејство им дава надеж на сите што изгубиле некој близок дека чуда навистина се случуваат.

Внуката на Сузан, Ема (41), рече дека нејзината баба со години ја барала, но безуспешно.

– По нејзината смрт имаше толку многу прашања кои останаа неодговорени. Тогаш работите беа поинакви. Немаше хартиена трага, ниту полициски извештај – објасни таа. – Никогаш не мислевме дека ова ќе се случи. Беше неверојатно, особено за мајка ми. Таа има Паркинсонова болест и деменција, па неверојатно е што повторно беше со сестра си пред да и се влоши состојбата, додаде таа. Ваквите случаи покажуваат дека никогаш не треба да се губи надежта, заклучи Ема.

Би можело да ве интересира

Во САД има се повеќе „сајбер киднапирање“: Последната жртва е млад Кинез

Паунов до Спасовски: Наместо брза реакција демантиравте, со нервоза и потење пред камери граѓаните не се чувствуваат безбедни

Спасовски: Уапсен е извршителот на убиствата, сторивме се за фаќање на овој монструм

Александар Тодески

Љупчо Палевски уапсен во Турција

Александар Тодески

Заврши исказот на таткото на Вања: Негира дека давал информации на Палевски

Александар Тодески

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ