Суви колачиња со мармалад

Од:

Потребно е:
200 гр
 брашно + за посипување
150 гр овесни снегулки
200 гр кафеав шеќер
200 гр путер + 20 гр за тавата, на собна температура
1 непрскан лимон
1 лажиче прашок за пециво
на врв на нож цимет
на врв на нож сол

Подготовка:
– Убаво измијте го лимонот и на ситно ренде изрендајте му ја кората.

– Сега подгответе го тестото: Со електричен миксер изматете го путерот со кафеавиот шеќер додека не стане пенаста.

– Во посебен сад измешајте ги брашното, овесните снегулки, сол, изренданата кора од лимон и цимет. Ова додадете го кај изматениот путер и продолжете со матење уште 3 минути со спиралните додатоци на миксерот.

– Потоа садот со тестото покријте го со чиста кујнска крпа и ставете го во ладилник 2 часа.

– Набрашнете ја работната површина и расукајте го тестот на неа. Поделете го на два дела.

– Секоја половина завиткајте ја како ролат и потоа завиткајте ги во пластична фолија пооделно. Ставете ги повторно во ладилник уште половина час да се стврдне тестото.

– Тавата за печење премачкајте ја со путер.

– Извадете еден дел од тестото од ладилник и со помош на остар нож исечете го исечете го на кругови со дебелина од 5 мм.

– Круговите тесто наредете ги на тавата на раздалеченост од 2 см.

– Со лажиче притиснете ја средината на секое колаче за да се вдлабне и во вдлабнатините ставете по едно лажиче мармалад.

– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени 8-10 минути. Пазете да не ви потемнат.

– Истото направете го и со вториот дел од тестото.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска