Уживајте во овие превкусни суви колачиња …
Потребно е:
70 гр брашно
60 гр путер
120 гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 јајце
1 лажиче сок од лимон
160 гр сусам
1/2 лажиче прашок за пециво
1/2 лажиче сол
Подготовка:
– Помешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта.
– Изматете го омекнатиот путер со шеќерот. Потоа додадете ги јајцето, ванилиниот шеќер и сокот од лимон. Матете со миксер 20-30 секунди. Смалете ја брзината и полека додадете го брашното. На крај додадете го и сусамот и измешајте со дрвена лажица.
– Тавата за печење обложете ја со хартија. Со лажица земајте од смесата и редете ги колачињата во тавата на растојание 3-4 см.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 10-15 минути. По 5-6 минути од печењето превртете ги од другата страна.
– Во почетокот додека се уште врели колачињата се меки и лепливи, но кога ќе се изладат стануваат крцкави и многу вкусни.