Едноставни и вкусни колачиња.
Потребно е:
250 гр маргарин или путер (најубаво пола-пола)
70 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1 јајце
100 гр сецкани или мелени лешници
околу 450-500 гр брашно, колку да замесите тесто малку потврдо од тоа за ванилици
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги јајцето, путерот и шеќерот и изматете ги убаво.
– Потоа додадете го ванилиниот шеќер, брашното и сецканите лешници и измешајте убаво за да се спојат сите состојки.
– Потоа развлечето го брашното и направете кора со дебелина околу 1 см. Со остар нож исечете го на ленти, а потоа на правоаголници.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна околу 15-20 минути.
– Печените колачиња можете да ги прелиете со растопено чоколадо, по желба.