Спој на мексиканска и азијска кујна …
Потребно е за 4 суши бурита:
200 гр крем сирење
изрендан корен од рен
80 гр чаден лосос
200 гр кисела зелка
сос од соја
2 домати
1 младо кромидче
1 чешне лук
коријандер
1 луто чили пиперче
сок од лимета (зелен лимон)
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги крем сирењето и додадете малку млеко. Изматете со маталка и додадете го изренданиот рен.
– Киселата зелка измијте ја малку и ставете да се динста со сос од соја.
– Доматите, младиот кромид и чили пиперчето ситно исецкајте ги на коцкички. Додадете го сецканиот кориандер и лук и на крај и сокот од лимета и сол. Измешајте убаво.
– Четвртина од тортиљата премачкајте ја со крем сирењето.
– На тоа ставете го чадениот лосос, динстаната кисела зелка и на крај од смесата со сецкани состојки.
– Замотајте го буритото (видете ги сликите) и послужете.