Сурфањето на ветер (виндсурф) станува се поатрактивен спорт во Охрид. Се повеќе туристи се одлучуваат за оваа активност за време на нивните одмори и се запишуваат на школи за сурфање, меѓу кои е и „Сурф Академија“ лоцирана на платжата „Голден“. Сурфањето на ветер е спорт за рекреација популарен низ целиот свет, особено на локации со мирна вода или бранови, пристапни места за почетници или напредни сурфери.
Обуката е во почетно или напредно ниво, и се состои од запознавање со опремата, учење наутичка терминологија, вежбање стабилност на вода и техники и правци на движење.
Инструкторот Зоран Митрески, кој е учесник на европски и светски првенства вели дека во виндсурф има различни стилови и дисциплини, од кои најглавни се слободен стил – Freestyle, следно виндсурф на бранови, потоа регатни и слалом трки. Виндсурф е исто така олимписки спорт, за кој што за Олимписките игри 2024 година како новитет ќе се користи фоил опрема која ја крева целата сурф даска во воздухот.