Супер среќник доби неверојатни 731 милион долари на лотарија во САД

Од:

Џекпот на лотаријата „Пауербол“ од 731,1 милион долари падна, по продадено ливче во Лонаконинг, Мериленд, САД. Продавницата во округот Алегени, ќе добие бонус од 100.000 долари за продажба на лозот за шестата најголема добивка на лотарија во историјата на Америка.

Среќниот добитник на џекпотот претпочита да остане неименуван – Мериленд е една од државите што им овозможува на победниците да останат анонимни. Сепак, да се чува во тајност толку голема сума е тешко, особено ако билетот го купил локален жител. Лонаконинг е град со околу 300 семејства, со стапка на сиромаштија од околу 20 насто – далеку над државниот просек.

Постојниот џекпот на конкурентската лотарија „Мега милиони“ – од 970 милиони долари – засега е трет по големина во историјата на САД. Најголемиот џекпот од 1,58 милијарди долари, којшто се акумулираше во „Пауербол“, го освоија три лица во 2016 година.

Среќните добитници на џекпот може да изберат да ја добијат целата сума или на рати. Повеќето добитници претпочитаат да ги земат парите одеднаш. Ова значи дека среќникот кај „Пауербол“ сега може да добие 546,5 милиони – после данокот, а во случај на успех кај „Мега милиони“, денес добивката би изнесувала 715,3 милиони долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски