Супа од карфиол и камембер сирење

Од:

Камембер сирењето и дава на оваа супа посебен шмек …

Потребно е:
800 гр карфиол
500 мл млеко
сол
бел бибер
100-150 мл кисела павлака
1-2 лажици сенф
225 гр камембер сирење, исецкано на коцки
1-2 лажици маслиново масло
1 лажица мелен сув зачин

Подготовка:
– Во тенџере на рингла ставете го карфиолот издвоен на цветчиња, млекото, водата, сенфот и мелениот сув зачин. Оставете да се вари на тивко околу 20 минути додека да омекне карфиолот. Додадете сол и бибер по вкус и уште малку оставете да се вари.

– Оставете малку да се излади и потоа испасирајте ги сите состојки во блендер.

– Вратете го тенџерето со супата на рингла, додадете ја изматената кисела павлака и оставете уште малку да се вари.

– На крај додадете ги маслиновото масло и камембер сирењето.

– Послужете украсено со мали цветчиња карфиол и посипете со малку сецкани лешници.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска