Султанова слатка сарма

Од:

Вкусно кремасто колаче …

Потребно е:
за пудингот:
1 л млеко
2 лажици какао
1,5 филџан за кафе нишесте
1 филџан брашно
1 чаша (од 250 мл) шеќер
1 ванилин шеќер
50 гр маргарин

кокос
1 чаша млеко
1 кесичка шлаг крем за колачи

Подготовка:
– Во сад на рингла загрејте го млекото, а потоа со постојано мешање додадете ги какаото, брашното, нишестето и шеќерот.

– Кога пудингот ќе проврие, тргнете го од рингла  и додадете ги ванилиниот шеќер и маргаринот. Мешајте додека да се растопи маргаринот.

– Тавата посипете ја со повеќе кокос и рамномерно прелијте го пудингот. Оставете го во фрижидер 30-тина минути да се излади убаво и да се стегне.

– Шлаг кремот изматете го со млекото. Извадете го колачот од рерна и премачкајте го со изматениот шлаг крем. Повторно вратете го во фрижидер уште 1 час.

– Колачот исечете го на правоаголници и со нож полека замотајте ги како ролати.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска