Студени коцки со афион

Од:

За сите љубители на афион, нешто лесно и кремасто …

Потребно е:
за кората:
7 белки
60 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
150 гр мелен афион
50 гр нишесте
2 лажици прашок за пециво
200 мл млеко

за кремот:
7 жолчки
90 гр шеќер
100 гр нишесте
1 л млеко
250 гр путер
50 гр шеќер во прав
1/2 л слатка павлака
1 кесичка шлаг фикс

Подготовка:
– Изматете ги белките во густ шлаг, додадете ги шеќерот, ванилиниот шеќер и матете додека шеќерот не се растопи. Додадете го мелениот афион и останатите состојки. Полека со дрвена лажица измешајте за да се спојат сите состојки.

– Смесата истурете ја во намастена тава со димензии 40х24 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.

– Печеното бисквитно тесто оставете малку да се излади и потоа прелијте го со 200 мл топло млеко.

– Во еден сад ставете ги жолчките, шеќерот, нишестето, 100 мл ладно млеко и убаво измешајте за да добиете смеса без грутчиња.

– Остатокот од млекото ставете го да се вари на рингла. Кога ќе почне да врие, во него додадете ја подготвената смеса и варете додека не се згусне со постојано мешање.

– Посебно изматете ги путерот и шеќерот и додадете ги во изладениот крем. Кремот рамномерно распоредете го на кората.

– Изматете ја слатката павлака и пред крај на матењето додадете го шлаг фиксот.

– Вака подготвениот шлаг нанесете го над кремот и потоа колачот ставете го во фрижидер убаво да се излади.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска